Международниот олимписки комитет со нови дисиплини на Олимписките игри Токио 2020

Нови измени се пред усвојување да бидат вклучени во програмата на Олимписките игри Токио 2020. Тоа се спортовите како триатлон мешано екипно, велосипедизам (BMX), бокс, кајак и веслање нови дисциплини за жени, дигање тегови, атлетика 4х400 м мешано мажи и жени, кошарка 3х3, спортско стрелаштво мешано мажи и жени, стреличарство мешано мажи и жени, мачевалство екипно, џудо мешано екипно – мажи и жени, борење – слободен стил повеќе категории за жени, едриличарство нови класи, ватерполо, пинг – понг мешани парови. Исто така, вкупниот број на спортисти на ОИ ќе се намали за околу 300 и ќе изнесува 10900 додека бројот на спортски дисциплини ќе се зголеми на 321. Бројот на спортски дисциплини се зголемува со +15 во однос на Рио, а бројот на спортисти се намалува со (-285), конкуренцијата е се посилна.