Мицкоски и Николоски се сретнаа со унгарскиот амбасадор во Македонија

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата и пратеник во Собранието Александар Николоски денеска се сретнаа со амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн во Република Македонија. Се заблагодарив на унгарскиот амбасадор Клајн за несебичната поддршка и пријателски однос на Унгарија кон Македонија и го информирав за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот процес на државата, објави Мицкоски.

Advertisement