Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го одбие францускиот предлог 

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека еден од условите за прифаќањето на францускиот предлог е да се отстрани заклучокот со кој се бара Бугарите да влезат во Уставот пред непосредниот почеток на преговорите со ЕУ.

Доколку Ковачевски се повлече, Мицкоски ветува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени парламентарни избори. Ниту за мене ниту за ВМРО-ДПМНЕ ваквите документи се неприфатливи. Тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски, туку и на Извршниот комитет.

Му понудив на Ковачевски да го одбие ова што е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори и да ги ставиме сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на кризата која ќе следува оваа зима. Ова е преговарачка рамка со која не се обезбедува европска иднина, туку со која се бугаризираме. Ако е обезбеден идентитетот, во делот на заклучоците да бидат изброшани членовите 11 и 14“, рече Мицкоски и додаде дека протестите пред Владата продолжуваат.

Двата споменати членови се  влегувањето на Бугарите во Уставот и решавањето на историските прашања. Мицкоски побара и да се избрише делот во преговарачката рамка каде што еднаш годишно ќе се прават прегледи од Европската комисија за тоа што е сработено од решавањето на билатерланиот спор.

Advertisement