Мицкоски од Женева: Дијаспората масовно да излезе да гласа на претстојните избори, овие избори се суштински за Македонија (ВИДЕО)

Дијаспората масовно да излезе да гласа на претстојните избори, овие избори се суштински за Македонија, потребна е голема мобилизација. Заедно со потпретседателот  Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки овие неколку дена ќе бидеме овде во Швајцарија. Денеска започнуваме со Женева, тука имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа, можат многу подобро преку вашиот прилог гледачите да го видат и доживеат. Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да дадат максимум во периодот кој следи да успееме заедно да ја поразиме коалицијата СДСМ – ДУИ и како што вие дадовте една фантастична најава да донесеме промени. Бидејќи промени се потребни во Македонија.

Ценам дека сите овие луѓе кои денеска се заедно со нас овде во Женева имаат план како да дејствуаат во месеците кои се пред нас. Продолжуваме денеска со трибина во Лозана потоа утре продолжвуаме во местото Тринген каде повторно ќе имаме трибина.

Цениме дека оваа мобилизација ни е потребна бидејќи периодот кој следи е нависитна предизвикувачки и е потребна што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на следните претседателски и парламентарни избори бидејќи се суштинкси за иднината на Македонија. Она кое го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија.

Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората. Навистина една корисна дебата, корисна дискусија, јас сум многу среќен и задоволен што можев со овие луѓе денеска да се видам кои од цела Европа се собраа овдека во Женева и ќе дадат додадена вредност понатмау во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се разбира во рамките на теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ не само во Македонија туку и во дијаспората.

Advertisement