
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со Марион Валсман, пратеничка во ЕП и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија, и Даниел Браун, официјален претставник на КАС за Македонија.
На средбата стана збор за потребата од отпочнување на преговорите на Република Македонија со ЕУ, а тоа може да се случи со тргање на неразумното вето од страна на Бугарија.
Македонија заслужува да биде дел од ЕУ.
На средбата беше потенцирана и одличната соработка која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер, особено придонесот кој што Фондацијата го дала низ годините во бројните обуки и помош за партијата, но секако и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.
Претседателот Мицкоски истакна и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи, кои не се увезени, туку автентични. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden