Милица Паулус писателка и поетеса, која пишува на македонски и на германски јазик

Таа е позната како успешна двигателка и мисионерка на литературното поле во Македонија и во Германија. Милица Паулус, пишува двојазично за деца, младина и возрасни. На германски јазик има издадено 15 книги, повеќето од нив се прозни и учествувала во десет антологии со свои раскази и песни, а делата се пуштени во продажба во германските продавници за книги. Паулус, е пријавена како самостална писателка во Германија и куќен писател e на една издавачка куќа, каде секогаш може да си ги издава своите дела, а со тоа е евтоматски и член на здружението на писатели во Германија. На македонски јазик има издадено три поетски книги и едно научно дело заедно со професорот Лозановски. Таа е главен уредник на 15 поетски и прозни антологии во кои и самата зела учество со свои творби.Со свои творби била дел и од неколку меѓународни антологии издадени во Хрватска, Србија, Словенија. Последните пет години, Паулус, успеа интезивно да го раздвижи литературното поле во Македоија, да ги сплоти сите пишувачи и да го афирмира македонскиот јазик во републиката и надвор од неа. Таа создала седум фб литературни групи, од кои три се на македонски јазик, а четири се интрнационални, кои успешно работат и наречени се како – литературни училници.

Милица Паулус вели: „Нашето најголемо богатство e нашиот македонски јазик, кој треба да се негува и чува! Нема јазик, нема држава! Со своите поетски и прозни традиционални манифестации, кои ги организира ширум цела Македонија, успева да ги мотивира и активира и за пишување и за читање и возрасните и младината и децата. Милица Паулус, работи многу сериозно и професионално.Таа има добиено голем број на големи награди, од кои повеќето се меѓународни. На многу манифестации е членка, односно претседателка на жири- комисијата и многу често е водителка на програмата на многу различни настани. Нејзиното име и таа лично, постојано се презент на радио и ТВ емисии, во прилози на весници и списанија – како во домашни, така и на странски, не само во Европа, туку и подалеку во светот, во Канада, Австралија и Кина.

Моментално, Милица Паулус работи истовремено на еден роман за возрасни на македонски јазик и еден роман за возрасни на германски јазик, а наскоро ќе издаде и една стихозбирака на македонски јазик. Покрај тоа што студирала во Македонија, од што премногу ја сака литаратурата, сега на постара вораст во Германија, за само уште некој месец ќе дипломира на факултетот за литературно пишување со назив – писател. Редовно е поканета на големиот саем на книгата во Лајпциг и на интернационалниот саем во Франкфурт, Лондон и Њујорк, каде што се читаат и нејзини дела, понекогаш чита и таа лично. Нејзини хобија се: музика, пеење, ликовна уметност и пријатни – весели дружби.