Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ останува против Преспанскиот договор

Поранешниот шеф на дипломатија и пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за декретот на американскиот претседател Џо Бајден, со кој на „црна листа“ се ставаат противниците на Преспанскиот договор, вели дека станува збор за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штити своите национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити македоснките национални и државни интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси – изјави Милошовски за „Слободен печат“.

Advertisement