Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска на Конференција во Тирана

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска во Тирана учествува на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice“, која е организирана од страна на Министерството за правда на Република Албанија во соработка со Советот за регионална соработка (RCC).

На форумот ќе се дискутира околу исполнувањето на европските стандарди и реформите во областа правда, унапредување на владеењето на правото и зајакнување на регионалните напори да се постигнат ефикасни реформи, што е всушност суштината на патот на регионот кон ЕУ.

На конференцијата, министерката Дескоска ќе ја презентира генералната слика на спроведените реформи и постигнати резултати во правосудниот систем и искуството од соработката со Венецијанската комисија и другите релевантни меѓународни фактори.

На конференцијата учествуваат министрите за правда од Западен Балкан, претставници на граѓанските организации и експерти кои работат во областа владеење на правото. Покрај министрите за правда, на конференцијата учествува и Претседателот на Владата на Република Албанија, г. Еди Рама.

Advertisement