Министерот советник во македонската амбасада во Тирана, Спахиу учествуваше на средба во Централната изборна комисија 

Министерот советник во македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу учествуваше на консултативната средба организирана од албанската Централната изборна комисија (ЦИК) во рамки на подготовките за локалните избори во оваа земја.

Членови на комисијата предводени од претседателот Илирјан Целибаши со претставниците на амбасадите кои имаат малцинства во нашата земја разговараа за едукативната програма за изборите за органи на локалната самоуправа што ќе се одржат во 2023 година. Целта на средбата беше  едукација на гласачите на јазиците на националните малцинства, објави ЦИК.

Се додава дека присутните биле информирани за дистрибуцијата на изборните информации што ќе биде на 8 малцински јазици, меѓу нив и на македонски, во областите каде што живеат, а објаснети биле и начинот и средствата за дистрибуција на информации.

Амбасадите кои имаат малцинства во нашата земја и ЦИК ќе продолжат  да соработуваат за зголемување на учеството на овие гласачи во изборните процеси, се наведува во објавата на ЦИК. Редовните локални избори во Албанија, според изборниот законик, треба да се одржат од 15 април 15 до мај.

По консултативните средби што шефот на државата Бајрам Бегај ги одржа со претставници на политичките партии најспоменуван изборен ден е 14 мај(недела). Сепак одлука за денот на изборите треба да донесе Бегај и да потпише уредба за тоа.

Advertisement