Никола Попоски оствари работна посета на Принципатот Лихтенштајн

 

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес оствари работна посета на Принципатот Лихтенштајн. За време на посетата се сретна со министерот за надворешни работи, образование и култура, Аурелија Фрик, како и со принцот Алојс. На средбите се разговараше за мултилатералната соработка, ефектите врз економиите и политичката интеграција во ЕФТА членките и за состојбата во балканските земји по одлуката за излез на Обединетото Кралство од ЕУ, како и за ризиците од мигрантската криза и заканите од радикализам и тероризам во глобални рамки.

Advertisement