Министерот за надворешни работи Никола Димитров освари средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, денес имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.

Министерот за надворешни работи Димитров и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО.

Advertisement