Министерот за Надворешни работи Османи утре во посета на Македонското национално малцинство во Албанија

Тврдењата дека македонците во Албанија се принудувани да се попишат како Бугари, лично ќе ги испитува Османи. Вели дека веќе комуницирал со нив и во текот на утрешниот ден ќе ги посети општините каде живее македонското малцинство. Од она што ќе го слушне ќе зависи дали ќе биде побарана помош од официјална Тирана.

„Се договоривме утре, Јас да ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште – Требиште во кој исто така живее македонско национално малцинство во Албанија во договор со нашите таму, така што ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивните здруженија во текот на целиот ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија“, изјави Бујар Османи, Министер за надворешни работи.

Според Агендата, околу 10:00 часот министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голо Брдо, а околу 12:30 минути ќе пристигне во Пустец.

Advertisement