Министерот за правда Лога на средба со копретседателот на ОМО “Илинден”-Пирин се информира за статусот и правата на Македонците во Бугарија

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО “Илинден”-Пирин. На средбата Лога беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија. Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор. Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО “Илинден”-Пирин не може да ја реализира и да се регистрира. За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори