Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба Васил Стејровски, Претседател на Македонската алијанса за европска интеграција

Министерот за правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стејровски, Претседател на Македонската алијанса за европска интеграција. На средбата се разговараше за правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Беа отворени повеќе прашања за унапредување на статусот на Македонците во албанското општество, како и за начините врз основа на кои Република Македонија и Република Албанија, во рамките на својата соработка можат да го помогнат овој процес. Во таа насока во континуитет се преземаат активности за обезбедување на институционална поддршка за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на македонското национално малцинство. На средбата која се одржа во македонската амбасада во Тирана присуствуваше и Амбасадорот Данчо Марковски.
Advertisement