Министерот за внатрешни работи на Македонија на работен состанок во Општина Пустец (ФОТО)

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија денеска заедно со заменик министерот Агим Нухиу и градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски во Пустец, Мала Преспа, Република Албанија имаше работен состанок со својот колега Сандер Лешај на кој присуствуваа и градоначалникот на општина Пустец, Мала Преспа, Пали Колевски и пратеникот во Парламентот на Албанија, Васил Штерјовски.

Интерес на Министерството за внатрешни работи на Македонија е унапредување и продлабочување на билатералната и оперативната меѓународна соработка со министерството за внатрешни работи на Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и развивање на регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка. Исто така разговараме граничниот премин “Кафасан” да функционира на принципот “One stop shop”.

 

Advertisement