Министрите за надворешни работи неформален состанок во Романија

Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ, земјите од Западен Балкан и Турција утре ќе одржат неформален состанок во Букурешт. Домаќин на средбата ќе биде шефот на романската дипломатија Теодор Малешкану, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, а со собирот ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Романија при преземањето на претседавањето со Европскиот совет на почетокот на годината, најави дека нејзини приоритети во овие шест месеци ќе бидат зголемување на кохезијата меѓу земјите членки на блокот, зачувување на безбедноста, јакнење на улогата на Унијата како глобален лидер и проширувањето на ЕУ.