Мицкоски – Рама: Продолжуваме да градиме односи засновани на доверба и меѓусебно почитување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, на која разговараа за унапредување на билатералната соработка и продлабочување на партнерството меѓу двете земји.

Фокусот на средбата, како што напиша во објава на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски, бил ставен на зајакнување на добрососедските односи и заедничките интереси.

Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Продолжуваме да градиме односи засновани на доверба, меѓусебно почитување и заеднички интереси – истакна премиерот Мицкоски.

Поврзани теми