Мицотакис: За Албанија услов за ЕУ се правата на грчкото малцинтво

Главен услов за добивање на датум за преговори за вчез на Албанија во ЕУ се правата на грчкото малцинство. Оваа се наведува во писмото што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го има испратено до здруќението на грчкото малцинство во Албанија ,,Омонија ,,.

Во писмото што го објавуваат албанските медиуми се наведува : ,, Главна загриченост на Грчката влада и моја главна загриженост се положбата , правата и имотот на грчкото малцинство во Албанија. Токму овие прашања се главен услов за започнување на прегоровите за добивање на датум за преговори на Албанија за членство во ЕУ, се наведува во писмото на грчкиот премиер Мицотакис. На крајот на писмото грчкиот премиер нагласува дека Атина секогаш ке биде на страна на грчкото малцинство во Албанија .

Дел од албанскиот печат оценува дека оваа писмо е најава на Атина дека ке и создава проблеми на Тирана околу датумот за почетокот на преговорите. Инаку засега нема директни реакции на официјална Тирана околу оваа писмот . Во последно време ставовите на здруженијата на грчкото малциство во Албанија се дека владата на премиерот Еди Рама не посветува многу време за решавање на одредени права што ги бара грчкото малцинство а особено околу вракање на имотите на оваа малцинство во јужниот дел на земјата . Слична е оценката и на Партијата за човекови права во која членуваат претежно припадници на грчќкото малцинство кое сега е надвор од владата и честто ја критикува владата во Тирана за ставовите што ги има кон грчкото малцинство во Албанија.

Advertisement