
Ги повикуваме Македонците да побараат од ВМРО да престанат да ја легитимираат „Владата“ на Заев и веднаш да почнат со бојкот на Собранието; да се спротистават на заканите на Заев и да ги повикаат сите пратеници да го осудат менувањето на името; да организираат масовни протести во соработка со сите кои ја бранат Македонија; да започнат со граѓанска непослушност; да апелираат до сите држави кои го поддржуваат правото на Македонија на само-определување; да инсистираат Обединетите Нации да застанат во одбрана на Македонија, вклучително со барање ОН да ги почитува своите сопствени правила и да ја прими Република Македонија под нејзиното вистинско име; да ги разоткријат незаконските, анти-демократски и анти-македонски постапки на Заев пред меѓународната заедница; да го осудат масовното мешање на Западот во Македонија и да ги разобличат дволичните тврдења дека „се почитува меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права“; да го искористат мноштвото опции што ги нуди Уставот, потоа Кривичниот законик, собранискиот и претседателскиот деловник, за да го спречат уништувањето на македонскиот суверенитет, човековите права и изразената волја на народот, и, конечно, да престанат да се однесуваат како Западот да е газда во Македонија. Македонија е македонска. Имате сили да ја спречите промената на името. Барајте акција. – стои во сооптението на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden