Вторпат за помалку од два месеци, на Ник Петровски, Македонец од Сиднеј, Австралија, му е суспендиран Фејсбук профилот само заради тоа што тој го брани своето право да биде тоа што е – Македонец. Во нашето соопштение за јавност од 22-ри јануари, 2018 се гледа дека профилот на господинот Петровски е суспендиран само затоа што тој укажува дека Македонија НЕ Е грчка. Ако се следи логиката на Фејсбук, би се очекувало тие веднаш да ја осудат Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации и сите други конвенции за човекови права со кои се бранат етничките групи од омраза и културен геноцид.
„Сите одвратни нешта со кои ме нарекувале Грците и кои сум ги пријавил изгледа не се спротивни на „Правилата на користење на Фејсбук“. Јас, пак, ги прекршувам правилата со тоа што ги бранам своите најосновни човекови права. Зошто имате двојни стандарди, Фејсбук? Зошто отворено го поддржувате расизмот против Македонците?“, прашува Ник Петровски.
Според таканаречените „правила за користење“, „ги повлекуваме објавите со кои се напаѓаат луѓе врз основа на нивната раса, етничка припадност, национално потекло, верски убедувања, сексуална ориентација, пол, или инвалидитет.“ Вистината е, Фејсбук, дека вие не го правите тоа. Кога Македонците се жалат, не преземате ништо. Грците и Бугарите го присвојуваат културниот идентитет на Македонците, а вие слепо паѓате на нивните расистички тактики. Една етничка група не може да има два етнички идентитета. Македонците не ги напаѓаат Грците или Бугарите за тоа што се Грци или Бугари. Всушност, Македонците не напаѓаат никого. Македонците го бранат единствениот етнички идентитет кој воопшто некогаш сме го имале против присвојувањето на нашата култура кое го прават нашите потчинители.
Фејсбук, бараме да дејствувате веднаш, да се извините, и да ги смените вашите антимакедонски политики на омраза. Придржувајте се кон своите декларативни принципи. Македонци, придружете се кон нашиот повик за итна реакција на Фејсбук. Придружете се кон нашата кампања #НашетоИмеЕМакедонија во одбрана на Македонија и Македонците, а со цел итно прекинување на антимакедонските преговори за името. Нашето име е Македонија. Инсистирајте да се почитува. – стои во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).