Македонското меѓународно движење за човекови права започна уште еден процес пред Европскиот Суд за Човекови Права, овојпат во соработка со Тања Каракамишева – Јовановска, редовен професор по македонско уставно право.
Врз Македонците беа извршени сериозни прекршувања на човековите права во пресрет и како резултат на принудната промена на името која илегално ни беше наметната од режимот во Македонија со “Преспанскиот Договор”. Овие прекршувања продожуваат да се шират експоненцијално.
Илегалното и принудно менување на името суштински крши голем број на конвенции за човековите права кои се ратификувани во Македонија, е во директна спротивност со македонското и со меѓународното право, со македонскиот Устав, собраниските правила и процедури и оттаму е невалидно.
Дополнително, илегалното менување на името е директен резултат на општо кршење на човековите права на Македонците и оттаму, ММДЧП и професорката Каракамишева, бараат тоа да биде поништено и да биде вратено името на Македонија. Ова го бараме врз основа на следните членови на Европската Конвенција за Човекови Права, кои режимот постојано ги крши:
Протокол 1
Член 2 – право на образование
Член 3 – забрана на измачување и сурово, нехумано и понижувачко однесување
Член 6 – правонаферсудење
Член 8 – правонапочитувањеналичниотисемејниотживот
Член 9 – слободанамисла,совестивероисповед
Член 10 – слободанаизразување
Член 13 – правонаефикасенправенлек
Член 14 – забрананадискриминација
Професорката Каракамишева-Јовановскаобјаснува:
“Човековите права и потребата за нивно постојано и упорно промовирање и заштита е мотив за дејствување за секое разунмо човечко битие. Кога индивидуалните или колективните човекови права се брутално кршени, најприродна човечка реакција е да се ангажираме за нивна безрезервна заштита. Оттаму, светот треба да разбере дека ние, Македонците, никогаш нема да се откажеме од нашиот македонски идентитет , од македонскиот јазик, од нашата историја и цивилизација, од нашето минато, сегашност и иднина. Во време кога постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик безобразно се негира од европските институции и од европски држави, ние немаме друг избор освен да го изразиме нашиот отпор преку овие постапки и гласно да протестираме против овој културолошки геноцид. Во 21 век не е дозволиво да се менува идентитетот на една нација само затоа што тоа и текнало да го бара соседната нација. Ја повикуваме меѓународната заедница да го брани нашето право да бидеме тоа што сме – Македонци од Македонија”.
Трајче Торов, адвокат ангажиран од ММДЧП и од Каракамишева – Јовановска за овој случај, а кој работи со ММДЧП и на други случаи пред Европскиот Суд за Човекови Права, вака го опиша најновиот судски процес:
„Принудното менување на името исто така предизвика принудно менување на идентитетот на сите Македонци. За личност која живее во Република Македонија, како за Каракамишева – Јовановска, се работи за принудно менување на нејзиниот идентитет во личните документи, цензура на мислата како автор, писател и образовен работник, длабоко негативен удар врз светогледот на нејзините деца, цензурирање на нејзините учебници, промена на наставната програма за да се сузбие било какво изразување на македонскиот идентитет, отстранување и сквернавење на македонските културни и историски споменици, ограничување на употребата на македонскиот јазик и интензивен странски интервенционизам за да се спроведе оваа забрана на изразување на македонскиот идентитет и правото на само-определување. Каракамишева – Јовановска првин побара заштита пред домашниот Уставен Суд, но поради јасното отсуство на непристрасност и независност во однос на режимот, нејзиниот случај беше експресно отфрлен. Затоа покренавме процес пред Европскиот Суд за Човекови Права. Се надеваме дека ЕСЧП ќе ги заштити нејзините човекови права и ќе го запре културолошкиот геноцид врз Македонците“.