ММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации и нивната прослава на 70-годишнината на Денот на човековите права

„Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“, порачува Членот 1 од Универзалната повелба за човековите права на Обединетите Нации.

Освен ако се Македонци. Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот „македонски“, и идентитетот и историјата на една цела етничка група. Овие дејствија претставуваат не само културолошки геноцид, туку и вистински геноцид – според дефиницијата на Обединетите Нации.

Ги прашуваме земјите членки на ОН кои го поддржуваат овој притисок – со кое право?

Почитување и заштита на човековите права на сите луѓе – освен ако се Македонци  – ваков амандман треба да се додаде на Повелбата на ОН ако продолжи бесрамното кршење на два од основачките принципи на Организацијата:

Член 2 (1) – „Организацијата е заснована на принципот на еднаква сувереност за сите нејзини Членки“ и

Член 2 (7) – „Ништо содржано во оваа Повелба нема да им дозволи на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои суштински се под домашната надлежност на било која држава и на државите Членки нема да се наметне решение на овие прашања според оваа Повелба“.

Држави членки со „еднаква сувереност“ имаат право на нивното име и идентитет. Ништо не им дозволува на Обединетите Нации да се мешаат во внатрешните прашања на некоја земја – членка. Правно и морално, Обединетите Нации немаат право да ја натераат Република Македонија и македонскиот народ да го сменат името.

ММДЧП бара Обединетите Нации да ги почитуваат своите сопствени принципи и веднаш да ја примат Република Македонија како членка под нејзиното вистинско име, и на тој начин правно и трајно да стават крај на сите обиди да се сменат македонското име и идентитет.