Македонското меѓународно движење за човекови права, предводено од активистот Бил Николов од Канада, објави остар протест поради одлуката на Франција, да ги вклучи бугарските барања во условите на ЕУ за прием на Македонија. ММДЧП ја осудува Европската Унија за прифаќањето на бугарските анти-македонски барања, познати како „францускиот предлог“
ЕУ покажа целосно непочитување на својата сопствена повелба и го прифати францускиот предлог во кој целосно се вклучени бугарските анти-македонски барања, и со кој се бара Македонија да ги прифати бугарските уцени ако сака да влезе во Европската Унија.
Меѓу бугарските барања е следново: Македонија да се откаже од постоењето на македонско малцинство во Бугарија; да се откаже од македонскиот јазик, нација и од целата своја култура; да ги прифати бугарските ставови дека секој и се што е македонско е „всушност бугарско“; да ја ревидира македонската историја и да негира дека Бугарија била сојузник на нацистичка Германија во Втората светска војна, ја окупирала Македонија и извршила ужасни злосторства врз Македонците, како и дека протерала над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска; и да почне да ја прогласува Бугарија за „ослободител“ место за окупатор на Македонија.
Европската Унија треба да ја осуди Бугарија за ова безобразно кршење на повелбата на ЕУ и на правата на Македонците (потврдено од Европскиот суд за човекови права во 14 пресуди), и да преземе мерки за да ја казни Бугарија. Наместо тоа, ЕУ продолжува да го следи својот анти-македонски преседан кој го направи со прифаќањето на политиката на Грција за да го смени македонското име и да го наметне крајно навредливото име „Северна Македонија“ (измислено за да се негира македонскиот етнички идентитет и изразот „Македонија“ да им се подари на Грците). ЕУ го негира постоењето на македонското малцинство во Грција, како и постоењето на македонската нација, јазик, култура и историја.
Со таканаречениот „француски предлог“, Емануел Макрон целосно ги прифати бугарските барања и ги вклучи во условите што Македонија мора да ги исполни за членство во ЕУ, а потоа тие беа прифатени и од Европската Унија. Комесарот на ЕУ за проширување и политика кон соседите Оливер Вархеји соопшти дека „ЕУ ги сфаќа сите бугарски барања многу сериозно и тие се дел од преговарачкиот процес. Сега е време за носење одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од Европската Унија. Ќе бидеме посилни заедно“.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги потсетува господинот Вархеји и ЕУ на бугарските барања, кои ги изнесе Екатерина Захариева како министерка за надворешни работи, а кои секојдневно ги повторуваат бугарските претставници.
„Нашата загриженост произлегува од непрекинатите тврдења дека постои македонско малцинство во Бугарија. Прифаќањето на нивните бугарски корени ќе стави крај на ова“. ММДЧП прашува дали некоја земја членка на ЕУ или евро-пратеник би се откажал од својот идентитет. Особено прашуваме дали Франција би прифатила дека нејзиниот јазик и култура се „германски“; дека нацистите „ја ослободиле“ нивната земја во Втората светска војна“; и дека ново име на земјата ќе биде „Западна Франција“, со откажување од се што е француско.
ЕУ не би помислила да бара од Франција да прифати очигледни невистини, налудничава ревизија на историјата и кршење на основното право на самоопределување. Не треба да го бара тоа ни од Македонија. ММДЧП повторно ги повикува сите што се навистина заинтересирани да ги бранат човековите права да ги осудат ЕУ и НАТО за нејзините анти-македонски политики, да побараат Бугарија и Грција да бидат осудени за нивното кршење на правата на Македонците и да почнат да го бранат македонското право на своето име, идентитет, култура, јазик и историја. ММДЧП е против членството на Македонија во ЕУ и НАТО бидејќи овие организации отворено ги кршат нивните „вредности – ширење на демократија и човекови права“.