Македонското меѓународно движење за човекови права покрена неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права, конкретнo со цел: да се обезбеди итно ослободување на македонските политички затвореници уапсени од режимот на СДС/ДУИ во Мaкедонија; да се понуди итна медицинска помош која досега режимот им ја ускрати на неколкумина од политичките затвореници кои имаат итна медицинска потреба; да се повика на одговорност режимот за неговото постојано, сериозно кршење на човековите права на Македонците, почнувајќи со принудната промена на името; и да се поништи променат на името која нелегално ни е наметната преку „Договорот од Преспа“. Освен што крши многубројни меѓународни конвенции за заштита на човековите права кои ги ратификувала Македонија, овој договор е во директен судир со македонското и меѓународното право, со Уставот на Македонија, собранискиот деловник и процедури и оттаму е невалиден.
Првиот процес е отпочнат како привремена мерка со итно дејство – механизам кој Европскиот Суд за Човекови Права го користи за да се бори против опресивните режими кои намерно им ускратуваат медицинска помош на затвореници на кои таа им е итно потребна. Политичкиот затвореник за кого се однесува овој процес мора веднаш да се оперира но, и покрај тоа што потребата е очигледна, и што се доставени сите потребни медицински документи, упорно се одбиваат бројни барања и жалби до повеќе судови.
Вториот процес во кој постапката веќе е почната се однесува на истиот политички затвореник и во него се бара негово итно ослободување врз основа на водечкиот документ на Европскиот суд за човекови права, Европската конвенција за човекови права, која ги вклучува следните членови:
Член 3 – Забрана за мачење
Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.
Член 5 – Правото на слобода и безбедност
(4) Секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување.
Член 10 – Слобода на изразување
(1) Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната
власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.
Член 13 – Право на реалнажалба
Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.
Член 14 – Забрана на дискриминација
Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.
Политичкиот затвореник од овие два процеси побара да не биде именуван од страна на ММДЧП, од страв дека ќе се изложи на дополнителни притисоци против него и против неговото семејство.
Почнуваме процеси и за други политички затвореници. ММДЧП ќе информира за напредокот во сите гореспомнати случаи преку соопштенија.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ја повикува меѓународната заедница, организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите заинтересирани за заштита на човековите права да ни се придружат во ова иницијатива и да издадат соопштенија за поддршка и за заштита на правата на Македонците.
Ве замолуваме да го известите ММДЧП за сите преземени чекори. Нашите контакт податоци се наведени подолу.