
Понатаму, крајно неодговорно е за Македонската група (видете го нивното писмо до Државниот секретар) тоа што ги отфрлува критиките за американската политика на надворешен интервенционизам, тврдејќи дека „руското мешање“ создава нестабилност на Балканот. Во 2017 година, неколку конгресмени иницираа конгресна истрага за интервенциите на американскиот Стејт департмент и амбасадата на САД во Македонија, во неодамнешните парламентарни избори во Македонија. За истата работа судска постапка започна и Judicial Watch. Сузи Талевски побара итно решавање на истрагата во Конгресот и транспарентно објавување на резултатите од таа истрага.
Освен тоа, Талевски истакна и дека е доволно да се погледнат јавно дадените изјави на официјални лица од САД – барањата до Македонија да го смени своето име за да ги задоволи угнетувачите – па да добиеме јасна слика за американската надворешна политика којашто го поткопува егзистенцијата на една цела држава и етничка група. Таа побара од САД веднаш да ја преиспита својата политика кон Македонија, давајќи целосна поддршка за името на Македонија со тоа што ќе ги осудат антимакедонските преговори за името, како што впрочем бара и кампањата „Нашето име е Македонија“ САД имаат моќ да го прекинат овој бесмислен спор и тие тоа мора да го направат веднаш! – стои во сопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden