„Моја Истра“ – изложба од Сара Длака во среда во Демир Хисар

 

На 30 октомври во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар со почеток во 12:30 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена како „Моја Истра“ од Сара Длака.

Сара Длака е од Лабин, Хрватска, има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а има учествувано и реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, Хрватска и Србија.

Културниот настан е во рамките на овогодишното издание на манифестацијата „Демирхисарска културна есен“, зад која стои Здружението за афирмација на културата и развој на руралниот туризам „Граѓанска актива Икарус“ од Демир Хисар, а е поддржана од Министерството за култура и Општина Демир Хисар.

Сара Длака е родена 1987 година во Пула, Хрватска, по мајка е Македонка, средно училиште има завршено за примената уметност и дизајн – одсек сликарски дизајнер во Пула. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Педагошки одсек, графика и сценографија во класата на професор др Трајче Блажевски во 2016 година во Скопје, каде што продолжила на посдипломски студии по графика, на кои што магистрирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.