Москва и Киев блиску до компромис

Москва и Киев се приближуваат до компромис во преговорите, изјави за „Комерсант“  советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина.

Според член на украинската преговарачка група, страните во дијалогот почнале да подготвуваат договори чии детали се уште не се откриени, пренесе РИА Новости.

Веднаш штом ќе се разработат правните формати, ќе биде закажана средба, односно четврта рунда преговори.

Тоа може да биде утре, задутре. Разговаравме за сите прашања, сега се обидуваме тие прашања да ги спакуваме во некои правни формати – рече Подољак.

Тој истакна дека во разговорите треба „да се земат предвид безбедносните гаранции што сака да ги добие и Руската Федерација, која има свои стравови во врска со голем број глобални воени сојузи“.

Advertisement