На Балкан се вратени 300 терористи

Службените проценки на безбедносните служби на Европската унија и земјите од Западен Балкан покажуваат дека од појавата на така наречената Исламска држава, односно прогласување „калифат“ на блискоисточното боиште од овие простори отишле приближно илјада луѓе. Дел од нив загинале во борби во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во матичната земја, поради што е потребна блиска сорботка на државите во регионот со цел неутрализирање на ширењето радикализација по враќањето на тие борци, кажано е на регионалната конференција во Брдо кај Крањ. Проценката е дека од вкупниот број, 300 се вратиле, повеќе од двеста загинале, а останатите, меѓу кои се и жени и деца кои Балканците кои отишле да се борат за терористичките идела на ИСИЛ, ги земале со себе.

Меѓи тие илјада лица само седуммина се со хрватско државјанство. Тие се под надзор на разузнавачките слжби, а иако имаат хрватски документи двајца се всушност од БиХ, еден од Србија, двајца од Австрија, и уште двајца од Швајцарија. Никој од нив никогаш не живеел во  Хрватска. Сите хрватското државјанство го добиле преку родители кои се отселиле во западноевропски земји. Сепак, освен овие службени информации, познати се и други случаи – покрај Дора Билиќ, уште три или четири млади хрватски државјанки од Хрватска им се придружиле на радикалните исламски борци во Сирија и Ирак. Тие претходно прешле во ислам, а пота им се приклучиле на милитантните исламисти. Пред да заминат за Сирија и Ирак некои од нив биле во соседна БиХ во изолираното село Горња Маоча каде живеат радикални муслимани.

Главниот секретар на Советот за регионална соработка (РЦЦ) Горан Свилановиќ на втората Регионална конференција за борба против тероризмот и спречување и сузбивање на насилен екстремизам рече дека меѓу причините за радикализација се економските и општествени проблеми, како и пропагандата.Тероризмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се препознае и да се разбере за да биде победен. Потребно е рано соочување со предизвиците, потребна е активна поддршка од владите на земјите во регионот, но и финансиска поддршка на Европската унија. Претходната конференција беше одржана во 2016 во Тирана и се фокусираше на заминување на борците, а овогодишната на неутрализирање на влијанието на оние што се вратиле, рече главниот секретар на РЦЦ.

Како што додаде Свилановиќ, истражување под наслов „Игра на трпение: проценка и одговор на заканата која враќањето на странските бораци ја претставува на западен Балкан”, покажа дека од 2012 до 2017 година приближно 5.000 луѓе од земјите на ЕУ отишле во Сирија и Ирак, а меѓу нив околу 1.000 луѓе од Западен Балкан. Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија Боштјан Шефиц изрази задоволство што неговата држава е домаќин на овој важен состанок за борбата против тероризмот и насилниот екстремизам. Таа борба бара заедничко политичко и стратешко дејствување, а за решавање на тој проблем многу е важен и економскиот и политичкиот развој на регионот. Координацијата е клучна за успех. Словенија е свесна за важноста на регионалната соработка, рече словенечкиот функционер, а пренесува ЕурАктив.

Ток оцени дека дошло до позитивен напредок, но дека со цел постигнување на понатамошни резултати е неопходна блиска соработка на земјите од западен Балкан која сега не е ни приближна онаква каква што би требало да биде. Наместо да се посветат на иднината која сигурно носи големи предизвици поврзани со заедничката безбедност и тероризмот, балканските земји и понатаму се занимаваат со минатото и поранешните војни. Шефиц рече дека е потребна соработка со цел изградба на взаемна доверба и додаде дека ЕУ треба да остане партнер во борбата против тероризмот.

Виена и понатаму е главно организациско место за радикализација и организирање на исламистите во регионот, а експертите за безбедност велат дека посебно внимание треба да се обрати и на јакнењето на радикалниот исламизам и салафиско-вахабитското движење во Словенија, чие седиште е во Јесенице. Словенечката разузнавачка служба веќе неколку година ја надгледува работата на исламските организации во Словенија и најави дека радикалните исламисти во иднина би можеле да претставуваат непосредна закана за националната безбедност.

НАЈМАЛКУ ПОЛОВИНА СЕ ОД КОСОВО

На фронтовите во Сирија и Ирак отишле меѓу 400 и 500 лица од Косово и Метохија, покажуваат податоците на властите во Приштина, а српскте безбедносни служби сметаат дека бројот е двојно поголем. – На Блискиот исток има двојно повеќе косовски Албанци кои со оружје во рацете се борат на страната на ИСИЛ. За разлика од Косово, ситуацијата во централна Србија во оваа смисла е значително подобра. Од ова подрачје на странски фронтови отишле околу 50 луѓе, а се вратиле десет. Загинале единаесет. Сите повратници во Србија се под постојана контрола на надлежните служби и во овој момент нема непосредна опасност за граѓаните кога станува збор за терористички напади. Ситуацијата е стабилна и под контрола, вели Игор Бечиќ, претседател на српскиот Одбор за контрола на безбедносните служби. Од почетокот на војната во Сирија, во март 201, на тамошните фронтови се бореле околу 43.000 странци од 120 држави. Според истражување на Соуфан Груп, најмногу имало од земјите од Блискиот исток (8.240), Магреб (8.000), Европската унија (5.000), и земји од поранешниот Советски Сојуз (4.700). Меѓу нив има и 6.000 Тунижани, 2.000 Турци, 2.400 Руси. Од Франција само до зимата 2015 (подоцна контрола и работата на бе3збедносните служби се многу зајакнати) пристигнале 1.700, од Велика Британија и Германија по 760, и 470 од Белгија.

БОРЕЦ НА ИСИЛ СЕ ВРАТИЛ ВО БиХ И ПЛАТИЛ ЗА ДА НЕ МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР

Во БиХ е можно лице правосилно осудено за заминување на странски фронтови, казната затвор да ја замени за парична. Според податоци на Министертсвото за правда на БиХ, едно лице е осудено на една година затвор поради заминување на странски фронт, но ја заменило казната затвор за парична казна во износ од 36.500 КМ (околу 140 илјади куни). Фактот дека во БиХ е можно осудени повратници од странски фронтови да одложат одење во затвор и, како и осудени воени злосторници до една година затвор, таа казна да можат да ја заменат со парична, загрижи и некои амбасади во БиХ, а сознанието дека ресорните министерства не помислуваат да пратат во процедура аконски измени кои би го спречиле тоа, дополнително ја зголемува таа загриженот, предупредува „Дневни аваз”

Advertisement