На Голем Крчин и годинава ќе се отслужи боженствена утринска литургија 

Братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Побдоносец“ од дебарското село Рајчица и оваа година го организираат најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, што се наоѓа на надморска височина од 2.341 метри, каде ќе се отслужи боженствена утринска литургија

Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива. Оваа година повторно, заради обезбедување на групата, ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од МАИВП или ФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот. Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Панирани се попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква. Пријавувањето за учество е задолжително, вели сестра Ефимија,каде зантерисираните може да го пријават учеството на телефнскиот број 070 290 210.

Време на собирање и поаѓање е 18 август 2019 (недела), во 02:30 односно 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови. Место на собирање е пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот во изградба, посветен на Светите Кирил и Методиј. Враќањето е организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата.

Ги замолуваме сите учесници да присуствуваат на заедничкиот манастирски ручек во Бигорскиот манастир, кој ќе биде послужен околу 13 ч. Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки, додаваат од Бигорски.

Традицијата што ја почнаа монасите и монахињите почната пред четири години,по повод големиот празник Преображение, станува еден од најомилените настани, кој од година во година привлекува се поголем број верници.

Advertisement