Tag Archives: Бигорскиот манастир

Во Рим проекција на филмот „1000 години – сведок на светлината“, посветен на 1000 години на Бигорскиот манастир

Во свечениот амбиент на „Понтификалниот институт за ориентални студии“ во Рим, вчеравечер се одржа проекцијата на документарниот филмот „1000 години – сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во авторство и режија на Илија Ико Каров. На иницијатива на амбасадорката на Македонија во Ватикан, Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници ...

Read More »

Премиера на документарецот за Бигорски

Возљубени наши читатели, Пријатели, почитувачи, браќа и сестри, Со особена радост ве известуваме дека во петок, на 15 април, во 20 ч. ќе се одржи онлајн премиерата на новиот документарен филм за Светата Бигорска Обител, насловен како „1000 години – Сведок на Светлината“. Емитувањето на филмот ќе се одвива на националниот телевизиски канал на МРТВ, како и на официјалниот YouTube профил на Бигорскиот ...

Read More »

Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина – аплауз и воодушевување од публиката

Атинскиот Соборен храм посветен на Светото Благовештение на Пресвета Богородица, храм-паметник на Православната Црква во Грција, место на многу свештени богослужби, на значајни настани и годишнини, вчеравечер беше сведок на уште едно уникатно и историско собитие. Имено, на покана на Министерството за култура и спорт на Грција и на Здружението на псалти од Атика „Свв. Роман Слаткопевец и Јован Дамаскин“, ...

Read More »

Возобновени коледарски песни првпат за Василица во Бигорскиот манастир

Интересно е што дел од овие каланди потекнуваат од Мијачкиот крај. Инаку, оваа традиција е исконска. Во Бигорскиот манастир пред владиката Партениј, игумен на Бигорската Обител, и со негов благослов, првпат ќе бидат изведени возобновени коледарски песни или каланди, на празникот посветен на Св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, кој се слави заедно со Обрезанието Господово и Новата година ...

Read More »

Документарен филм на МТВ за Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител

По повод великиот јубелеј на Свештената Бигорска Обител: 1000 години од нејзиното основање, Македонската телевизија подготви документарен филм за Бигорски. Во продолжение ви го предлагаме краткиот вовед од авторите на филмот, а потоа и самиот документарец: „Вистински предизвик за МТВ беше да се биде дел од историската милениумска прослава на 1000 години Бигорски Манастир, а особено за нас, авторите на ...

Read More »

Изложба на свештени предмети од ризницата на Бигорскиот манастир во МАНУ, во чест на 1000- годишнината

По повод големиот јубилеј 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во соработка со нашата богочувана Дебарско-кичевска епархија и со Бигорскиот Манастир, организираа изложба на древни икони и црковни предмети од богатата манастирска ризница. Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во присуство на претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и митрополити ...

Read More »

Бигорскиот манастир ќе прослави 1.000 години постоење

  Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, информираа од Бигорскиот манастир. На средбата беа присутни, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше ...

Read More »

На Голем Крчин и годинава ќе се отслужи боженствена утринска литургија 

Братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Побдоносец“ од дебарското село Рајчица и оваа година го организираат најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, што се наоѓа на надморска височина од 2.341 метри, каде ќе се отслужи боженствена утринска литургија Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света ...

Read More »