
На четвртиот ден од лошите временски услови, во Албанија се поплавени 1.587 куќи и 13.211 хектари земјиште. Билансот беше објавен на состанок на Советот за цивилни вонредни ситуации, со кој претседаваше премиерот, Еди Рама.
За справување со состојбата се обезбедени 50 милиони евра, а според шефот на извршната власт, погодените жители ќе бидат обештетени. Во меѓувреме, денес е забележано подобрување на состојбата во одредени подрачја, каде што водата почна да се повлекува.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden