Најмалку 11 убиени во близина на Франкфурт убиецот пронајден мртов во неговиот дом

Мажот осомничен за убиството на осум лица во западниот германски град Ханау, пронајден е мртов во својот дом, објави полицијата во четртокот. Уште едно тело е најдено во куќата на напаѓачот во Ханау, град со околу 98.000 жители на 25 километри источно од Франкфурт, каде што се случи смртоносниот напад.

„Нема знаци дека се вмешани и други осомничени. Едно од двете лица пронајдени мртви, веројатно е сторителот“, објави полицијата на Twitter.

Полицијатра го зголеми бројот на убиението на девет, откако едно од ранетите лица им подлегнало на повредените. Информациите на полицијата упатуваат на тоа дека напаѓачот изршил самоубиство во својата куќа, откако побегнал од местото на нападите во темен автомобил, но мотив за нападот не е јасен.

Весникот Bild пишува дека мажот е германски државјанин, дека во неговиот автомобил е најдена муниција, како и магазини за оружје, и оти има дозвила за оружје за лов.

Најмалку осум лица се убиени во два напада врз наргиле-барови во средата ноќта во Ханау. Според Bild, напаѓачите прво пред наргиле-барот „Midnight“ убиле три лица и ранлие едно лице. Потоа заминале во квартот Каселштад, каде упаднале во втор бар од ист тип „Arena“ и убиле уште петмина, и раниле уште четири луѓе.

Advertisement