Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени. Над местото на несреќата се креваат густи облаци чад, јавуваат очевидците. Несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на долината Темпи во Грција, соопшти Грчката противпожарна служба.
Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени додека обрачи чад го исполнија ноќното небо.
Несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на долината Темпи во северна Грција, соопшти Грчката противпожарна служба. Најмалку 53 од повредените сè уште се хоспитализирани до моментот на подготовка на овој извештај во 7:15 часот.
„Процесот на евакуација е во тек и се изведува под многу тешки услови, поради сериозноста на судирот меѓу двата воза“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакојанис на прес конференција со новинарите утринава.
Оштетувањата на вагоните на возот се толку сериозни што се користат камиони со кранови за да помогнат во извлекувањето на возилата, рече Вартакојанис на средбата со медиумите. Тој додаде дека операциите за пребарување и спасување сѐ уште се во тек, непосредно пред изгрејсонце во утрово, и дека спасувачките работници се фокусираат на два превртени патнички воза.
Властите ги превезуваа телата на загинатите во болниците за идентификација, а најмалку 194 преживеани патници, вклучително и оние кои бараа лекарска помош, се префрлени во Солун со автобус. Причината за оваа стравична несреќа во моментов е непозната.