Населени места во општина Драгаш областа Гора повеќе од 15 часа без електрична енергија

Силниот олуен ветер што од синоќа дува на подрачјето на општина Драгаш, предизвика штета на многу далноводи, така да како последица од тоа невреме повеќе од населените места беа без електрична енергија повеќе од 15 часа.

Екипите на КЕДС беа на терен во текот на денот, а според претставниците на оваа компанија, силниот ветар ги прекина жиците на далноводот и сруши неколку столбови, на некои насоки, па тоа беше и причината за прекинувањето на струјата.

Силен, но многу топол олуен ветер дуваше низ целото Косово во текот на денот, но и во околните земји. Состојбата на далноводот Драгаш – Рестелица е во катастрофална состојба.

Во областа Гора на Косово, во падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци познати под името Горанци.