Наставникот по историја, Спасе Терпо го направи првиот етнографски музеј во Пустец (ВИДЕО)

Македонското материјално наследство од селата во областа Мала Преспа, кои се наоѓаат на албанска територија е исклучително богато. Тоа, воедно сведочи за историјата и традицијата на македонското население од овие преспански села. Тоа што локалните власти не го направија со децени, го направи наставникот по историја од училиштето во Пустец, Спасе Терпо. За да го осмисли и реализира својот проект, наставникот Спасе работел и се посветил на собирање на експонати за својот музеј. По макотрпна работа сега може да се пофали со своето постигнување. Неговата замисла се реализира со создавање на првиот етнографски музеј во туристичката област Мала Преспа во општина Пустец.

Според зборовите на наставникот Спасе Терпо во неговиот мини музеј успеал да изложи експонати од различен вид, од облека од 19 век, потоа алатки и чинии собрани на територијата на општина Пустец, до експонати од времето на комунизмот. Водно возбуден, Спасе говори дека во музејот „… можеме да најдеме предмети од пред 3 генерации“. Овој Музеј е поделен на три дела. Во ходникот се наоѓаат семејни фотографии, во вториот дел се наоѓаат експонати кои ни укажуваат на тоа какви биле состојбите во 19. и почетокот на 20. Век. Третиот дел најмногу содржи експонати кои го одбележале животот на македонското население во Мала Преспа во комунистичката ера ан Енцер Хоџа во Албанија. Предизвик за наставникот Терпо било да им се покажена повремените туристи во посета на Пустец парче од македонската историја во Мала Преспа.

За наставникот Терпо, многу значајно е што на на нејзината територија се наоѓаат десетици цркви, а кои ги посетуваат и намерници и туристи. Наставникот смета дека, со посетата на природните богатства на областа Мала Преспа, и презентацијата на експонатите од музејот, може да ја збогати туристичката понуда на општина Преспа, а со тоа ќе се подобри и туристичката понуда која нема граници. Реално, најголемиот проблем на областа е недостатокот на инвестиции од централната власт, бидејќи Општината има занемарлив буџет за инвестиции што би му помогнале на туризмот.

 

Advertisement