Националната гарда и додели телехранител на пратеничката Хајдари поради закани по живот

Координаторката на пратеничката група „Демократи“ Рудина Хајдари од денеска е под заштита, по добиените закани по живот. Националната гарда на Албанија и одреди телохранител, кој ќе се грижи за нејзината безбедност.

Таа на последната пленарна седница на албанскиот Парламент од говорница кажа дека добива закани и е омаловажувана од колеги пратеници во просториите на нејзината канцеларија во Парламентот.

Притоа го повика претседателот на Парламентот Грамоз Руци да преземе мерки „пред да има жртва во албанскиот Парламент“.

Хајдари не спомена имиња, но фактот што претходно покажа со прст кон Кораб Лита јасно стави до знаење кој и се заканил, кој, пак, категорчно отфрли такво нешто.

Хајдари е ќерка на Азем Хајдари, еден од основачите на Демократската партија, во кого беше пукано во просториите на Парламентот за потоа во септември 1998 година да биде убиен пред седиштето на партијата.