Наумовски: Предупредува предлозите на Нимиц се катастрофа за Македонија

Ниту една држава, ниту Обединетите нации немаат право да наметнат промена на името на друга земја, ниту да го негираат постоењето на македонскиот јазик и Македонците, истакна Наумовски во изјава за ТВ Сител. Оптимизмот за решавање на деценискиот спор е корисен, но за да се биде оптимист, треба да има реална основа, додава преговарачот од македонската страна. Веднаш по изјавата на Наумовски, владата предводена од Заев беше „згрозена” од таа негова изјава и инсистираше на тоа дека Наумовски не ги изнесол ставовите на Владата, туку негови лични ставови.

Иронијата во оваа банана држава е во фактот што Васко Наумовски ја претставува македонската Влада во преговорите со Грција. Целата работа станува уште покомплицирана со тоа што пред само една недела, во дебатата на телевизијата во сопственост на Заев, ТВ21, министерот за надворешни работи Никола Димитров потенцираше дека има целосна доверба во преговарачот Наумовски. „Досега не забележав никаков сигнал дека актуелниот амбасадор Наумовски излезе од таа наша позиција како специјален преговарач и сакам да го почитувам тоа”, изјави Димитров.

Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто бара повлекување на медијаторот Нимиц на 6 месеци, истакнувајќи дека на неофицијална средба тој изјавил: „Ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име”. Во меѓувреме, Ципрас од Грција, во интервју за грчките медиуми овој викенд ги доведе работите на едно сосема друго ниво, тврдејќи дека Македонците и државата се лажни. Во моментов Македонија има еден Васко Наумовски, но потребни се 2 милиона.

Advertisement