Неколкумина убиени во масовно пукање во Англија

Шест лица загинаа во масовно пукање во градот Плимут во Англија на 12 август, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е меѓу загинатите. Две жени и тројца мажи, меѓу кои и вооружениот напаѓач, починале на местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Девон и Корнвол. Уште една жена почина во болница. „Се верува дека сите починале од прострелни рани“, соопшти полицијата. Инцидентот не е поврзан со тероризам, а областа е блокирана додека полицијата спроведува истрага, се вели во соопштението. Полицијата, исто така, упати апел до јавноста да не споделува слики од местото на настанот на социјалните мрежи. Локалниот пратеник Лук Полард објави дека меѓу убиените имало и дете под 10 години.

„Повеќе луѓе се лекуваат поради повреди во болница“, напиша Полард на Твитер. Полицијата претходно го опиша пукањето како „сериозен инцидент со огнено оружје“. Полицајците реагираа заедно со другите служби за итни случаи кратко по 18 часот. локално време до извештаи за истрели од огнено оружје во станбена населба во близина на пристаништето во градот со околу 262.000 жители. Плимут е дом на најголемата поморска база во западна Европа, вклучувајќи нуклеарни подморници и големи воени бродови. Исто така се наоѓа во срцето на југозападот на Англија, популарна домашна дестинација за одмор.

Advertisement