Неколкупати поголема фреквенција на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо

На граничниот премин Џепиште – Требиште, во првите два месеца од годинава забележана е зголемена фреквенција на патници, споредено со истиот период минатата година.

На граничен премин Џепиште-Требиште, забележана е зголемена фреквенција за над 15 отсто. На влез регистрирани се вкупно 3.643 додека на излез 3.409 патници или вкупно 7.052 патника. Одделно на влез регистрирани се 165 а на излез 150 македонски и 3.478 странски државјани на влез, односно 3259 на излез, додаваат од МВР.

Овој премин е од локален карактер и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион. Во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.

Зголемената фереквенција се должи, меѓу другото на подобрената патна инфраструктура. Тука, посебно со пуштањето во употреба на автопатот „патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), со кој оддалеченоста од преминот до Тирана сега изнесува 80 километри, што е намалување на оддалеченоста за стотина километри, како и реконсрукцијата на патниот правец Маврови Анови-Жировница а претходно и делницата Живорница-Дебар.

Advertisement