Невработеноста во Албанија падна на 11,5 отсто

Бројот на вработени во Албанија се проценува на 1,2 милиони луѓе, а стапката на невработеност е на крајот на вториот квартал на 2019 година, изнесувала 11,5 проценти. Податоците на Светската банка за бројот на вработени во Албанија, денeска на социјалните мрежи ги споделувал Премиерот Еди Рама, пренесува државната новинска агенција АТА.

Истовремено, албанската агенција наведува дека стапката на невработеност е намаленa во второто тромесечје на 11,5 отсто во однос на 12,4 проценти истиот период минатата година, велат податоците од државниот завод за статистика. Во информацијата се додава дека бројот на вработени во 2013 година, кога Рама ја презел должноста Претседател на Владата, изнесувал 995 илјади и дека стапката на невработеност тогаш изнесувала 17 проценти.

Advertisement