НГШ на АРМ освари средба со командантот на командата на Здружени сили на НАТО во Неапол

Во рамки на посетата на Република Македонија, командантот на Командата на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Фого, денес оствари средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. За време на средбата беше потврдено дека досегашната континуирана соработка на АРМ со Командата на Здружени сили на НАТО во Неапол и поддршката за постигнување на потполна интероперабилност со НАТО стандардите е на високо ниво.

Притоа генералот Ѓурчиновски искажа благодарност за целосната поддршка од страна на Командата на Здружени сили на НАТО во Неапол во интегративните процеси на Р. Македонија во НАТО алијансата. Од страна на адмиралот Фого, беше истакнато дека со полноправното членство во НАТО, Армијата на Република Македонија ќе се почувствуваат взаемните придобивки.

Воедно искажа пофални зборови за учеството и професионалноста на припадниците на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Од страна на соговорниците се констатира дека можностите за користење на капацитетите на АП Криволак и збогатувањето на облиците на  заедничка обука и вежби ќе продолжи да биде постојано отворена и надградувана во тек на понатамошната соработка.

Во рамки на посетата на министерството за одбрана и генералштабот на АРМ, адмиралот Фого оствари средба со министерката за одбрана на Република Македонија и состанок со припадниците на канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.