Никола Беровски (Битола 1923 – Тирана 1993) е македонски просветител кој целиот работен век го минал меѓу Македонците во Албанија

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Никола Беровски долги години работел како учител во селата Мала Преспа, Корча и Тирана. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија. Речник на Никола Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот македонско- албански речник со над 10 илјади зборови, вој македонско-албанскиот речник ќе трае долго време, не само во рацете на македонското национално малцинство, но и на сите граѓани во Република Албанија”. Една од организациите на Македонците во Албанија го носи името Фондација „Никола Беровски“.

 

 

Автор Никола Ѓурѓај

Advertisement