Николоски: Бугарија не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со ОМО “Илинден”- Пирин

Една од државите која што најмалку ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права е нашиот сосед Бугарија, која што не сака да ги спроведе одлуките поврзани пред се со регистрирањето на организацијата ОМО “Илинден”- Пирин. Јасно посочив дека Бугарија мора да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права како и одлуките на парламентарното Собрание на Советот на Европа и на Комитетот на министри на Советот на Европа со цел човековите права да бидат соодветно испочитувани, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој во Париз учестуваше на работата на Комисијата за правни прашања и човекови права на Советот на Европа. Една од основните точки за кои што се разговара е спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Advertisement