Николоски на состанокот на Комисијата за правни прашања и човекови права во Париз

Александар Николоски, член на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ) и член на Комисијата за правни прашања и човекови права на ПССЕ, ќе учествува на седницата на оваа Кмисија што се оддржува на 12 декември во Париз, во канцелариите на Совет на Европа.

На седницата, ќе се расправа за системот Пегазус и сличните тајни државни системи за следење и набљудување, ќе се разменуваат ставови со членовите на Заедничката комисија за човекови права од Парламентот на Велика Британија, како и за улогата и функцијата на горенаведената Комисија, како пример на функционирање на националните комисии за човекови права.

Членовите на Комисијата ќе дискутираат и за реформатата во Велика Британија во областа на законодавството за човекови права; за потешкотиите во Ирска во однос на имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права; за аспектите на легалноста и почитувањето на човековите права, како и за одговорите од страна на Комитетот на министри во врска со препораките упатени до нив од страна на ПССЕ.

Комисијата  ќе назначи генерален известувач за укинување на смртната казна поради крајот на мандатот на актуелниот генерален известувач, а потоа ќе се зборува и за претстојното учество на членовите во конференции, состаноци, семинари итн.

Advertisement