
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, информира дека на Самитот со ЕУ за транспорт одржан во Солун, одржал корисни разговори за големи инфраструктурни проекти кои ќе ја развијат економијата во регионот.
Македонија со својата геостратешка позиција е природна раскрсница на Балканот. Со големи инфраструктурни проекти ќе ја направиме Македонија значително подобро место за живеење“, вели Николоски.
Николоски додава дека на овој министерски самит за транспорт во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница зборувал за плановите и развојот на патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10 и Коридорот 8.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden