Николоски со предлог до Владата: Поднесете иницијатива до грчката влада во која ќе побарате во родниот Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по повод одбележување од денот на раѓање на македонскиот револуционер Гоце Делчев со конкретен предлог до Владата да иницира изградба на спомен на Гоце Делчев во Кукуш, неговиот роден град.„Доколку сакаат чесно да се однесуваат еве еден предлог да дадам имајќи предвид дека на 4 февруари се одбележува годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а тој е роден во Кукуш предлагаме македонската влада да поднесе иницијатива до грчката влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, доколку тие не го направат ова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова“, рече Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.