
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер дел се од субјективен карактер но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува.
Сакам да ја инфомирам јавноста за сет мерки кои што ќе ги превземеме за во текот на 2025 година треба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе а во годините што следуваат тој број да се зголемува. Со новата програма која ќе започне од 1 јануари и ќе трае до 31. Декемеври 2027 година. Се планира сума од 125 милиони денари годишно односно ќе има зголемување на средствата. Се корегираат условите за авиокомпаниите што ќе учестуваат. Треба да имаат превезено најмалку 5 милиони патници и треба да имаат најмалку 10 милиони евра профит. Мора да се работи за сериозни авиокомпании. Се тргнува условот да линиите се опслужуваат и по завршувањето на суввенциите и ова е главната причина зошто се намалуваше бројот на патниците од аеродромите“, кажа Николоски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden