Николов: Големите западни медиуми намерно шират анти-македонски расистички вести

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за човекови права на македонците од Канада и безкомпромисен борец за зачувување на македонскиот идентитет и интегритет, Бил Николов во своето најново обраќање ги повика западните медиуми да објаснат зошто и по чија директива, шират анти-македонски расистички вести. Ги повикувам големите западни медиуми на средба за да можат в лице да ми кажат зашто намерно шират анти-македонски расистички вести. Не се преправајте дека се борите против расизмот и говорот на омраза, кога всушност го ширите, напиша на својот Твитер профил, Бил Николов, Претседател, Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.

Advertisement