Николов: Mакедонско име, идентитет и историја не се монети за поткусурување со кои ќе си играат нашите политичари

Претседателот на Македонското Меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада, Бил Николов упати прашање до политичарите и новинарите во Македонија кои безаргументирано продолжуваат да го бранат срамниот преспански договор.

Политичарите и новинарите кои го поддржуваат анти-македонскиот „Преспански договор“ кога ги читаат моите колумни за правото на Македонците да постојат не можат да ми посочат ниту еден аргумент против. Ги прашувам: Зошто тогаш го подржувате уништувањето на Македонија?

Одговорот е јасен,и едните и другите работат по директиви однадвор,директно на штета на македонските национални интереси. За туѓи бели дворови како што би рекол нашиот великан Кочо Рацин.

Advertisement