Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Ќафасан

Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот.

Воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Ќафасан, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид.

Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот.

Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.